Во Општина Желино кандидатот на Беса, Блерим Сејди е новиот градоначалник. Во Брвеница, Јовица Илиевски од ВМРО – ДПМНЕ, во Студеничани, Азем Садики, кој од ДПА премина во Алијанса, а во Старо Нагоричане, актуелната градоначалничка Жаклина Јовановска од СДСМ доби втор мандат. Во три општини останува неизвесно кој ќе биде градоначалник. Во Дебар вториот круг ќе се одржи в недела, а за општините Центар Жупа и Маврово и Ростуша допрва Собранието треба да распише нови избори, бидејќи на 17 октомври не излегоа доволно гласачи.