Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во посета на Њујорк, каде што учествуваше на работна сесија на тема „Поттикнување на растот во новата економија“ во организација на Светскиот економски форум, на која се сретна со свои колеги, експерти, пртставници на приватен сектор, имаше средби со колеги од целиот свет. Во разговор со МИА министерката зборуваше за одржувањето на економскиот раст во услови на глобални кризи и за визијата за новата, технолошки напредна економија што треба да ја градиме.

– Да, деновиве престојувам во Њујорк на покана на Светскиот економиски форум, меѓутоа и паралелно имам други настани во Њујорк. Она што можам да го кажам од досегашните состаноци, сесии и средби што ги имавме, најголем впечаток ми остави дискусијата на која учествував со наслов „Поттикнување на раст во новата економија“. И сега нели интригира самиот збор нова економија – не постојат нови економии во светот, тоа се економиите што ги знаеме. Легитимно е прашањето зошто таков наслов. Изразот нови економии го поврзуваме со фактот што во последните четири години имаме последователно три енергетски кризи и на некој начин учесниците и самите кажуваа дека тоа ќе стане, да не речеме, секојдневие, меѓутоа очигледно ќе се повторува одвреме-навреме. Барем такви се предвидувањата на оние аналитичари и експерти што беа дел од овие дискусии. Оно што беше многу интересно да се слушне на самата сесија е тоа што како приоритет, кој се наведува за сите економиии во светот, е потребата да се фокусираме на долгорочен раст во економијата, меѓутоа раст што ќе се заснова на продуктивност. Не е тоа нешто ново што ние и досега не сме го слушнале, меѓутоа, најверојатно, сега фокусот оди повеќе во продуктивност бидејќи на светско ниво очигледно е дека продуктивноста не е на она задоволително ниво како што треба да биде. А имајќи предвид дека сега имаме проблеми со демографијата, барем во најголемиот дел од Европа, тоа значи дека во периодот што следува повеќе ќе биде во фокус продуктивноста. Имаме помалку луѓе, затоа треба да имаме поголема автоматизација, машини и така натаму. И сега таа автоматизација, тие машини, од друга страна, бараат и постабилна енергетска состојба. Доста се дискутира денес за тоа колку електричната енергија значи за производството или за производниот сектор. Еден интересен податок што се сподели беше дека 73 од 108 земји, кога се правела анализата за 2025 година, укажале дека значително им се зголемени трошоците за енергенти и врз основа на тоа, нормално, цените одат нагоре, што значи дека еден од приоритетите на кои треба да работиме како држава е како да го стабилизираме тој дел, кажа Гордана Димитриеска-Кочоска.

Цело интервју на МИА