-130 милиони евра се обезбедени рековме за помош за оваа криза, меѓутоа спомнуваме на неколку пати субвенционирање, па ги спомнуваме општините, ги спомнуваме институциите итн. Вие со ова што го кажувате де факто ги плаќате обврските кои што ги имаат институциите кон БЕГ. Значи не субвенционирате ништо, вашите обврски, односно на сите нас, државата е на сите нас, институциите се на сите нас, ги плаќаме обврските и тоа дали биле доспеани, дали ќе биде предвреме однапред авансно, независно тука немаме никакво субвенционирање. Да расчистиме, плаќаме обврски. Тоа е првата работа. Второ, како стигнавме до оваа ситуација, јас се согласуваме со она што Елена го искоментира од аспект на тоа дека многу доцниме со сите работи, влечкаме, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 анализа“.

Димитриеска Кочоска додаде државата делува како да не знае што се случува на пазарот во Европа со електричната енергија и гасот.

-И точно како дека ќе дојде пред колапс целата состојба било да е за електрична енергија, сега и за гасот, ние тогаш се будиме. Значи прво за мене неприфатливо, неопростливо и чекам одговорност од некој за кој што парите ги префрлија на ЕЛЕМ и МЕПСО. И тука чекам еден ден одговорност од некој како дојде до таа состојба. Владата рековте е одговорна. Ако е одговорна нека побара одговорност од овие компании и истите тие кои што неколку месеци пред избори вработуваа и сега дојдоа до ситуација да немаат пари и да чекаат пари од државата, нагласи Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска посочи дека е недоговорено и прашањето со банкарската гаранција. И се поставува прашањето што ако БЕГ не е во состојба да обезбеди банкарска гаранција. Дали тогаш Владата има друга алтернатива.