Фејсбук објава на Гордана Димитриеска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ:

-Во Информацијата објавена на веб-страната на Владата, мерките кои имаат фискални импликации (повторувам со преклопување во две години) се вкупно 329 милиони евра. Мерките кои немаат фискални импликации (немаат ефект врз буџетот) се вкупно 375 милиони евра. Од мерките без фискални импликации, најголемиот дел се однесува на одлагањата на кредитите за фирмите и населението во износ од 281 милион евра, додека 94 милиони евра се кредитите од Развојната банка. Вака собрано, вкупните ефекти од мерките се 6,5% од БДП, НО, ТОА НЕ СЕ ПОТРОШЕНИ ПАРИ ОД БУЏЕТ, ТОА НЕ СЕ ОДВОЕНИ СРЕДСТВА ЗА ПАКЕТИ, ТОА НЕ Е ФИСКАЛЕН СТИМУЛ, како што вика Владата. Уште повеќе, одлагањето на кредитите не се направи со мораториум, како што направија повеќе земји и како што баравме ние како опозиција, туку им се остави на банките самоиницијативно да пресметуваат камата за периодот на одлагање.

Во периодот од април до септември 2020 година вкупната пресметана камата за физичките лица изнесува 34 милиони евра. Пари кои ќе треба да ги платат граѓаните. Воедно, оваа мерка прекина со март 2021 година за физичките лица, а за правните лица последната можност за банките за реструктуирање со олесенти услови беше во септември 2020 година. Одлагањето на кредитите беше поволно за билансите на банките, колку што беше поволно и за фирмите и населението. Од друга страна, безкаматните кредити насловени Ковид од Развојната банка беа 44 милиони евра, а остатокот од 51 милион евра се однесуваа на кредити од последната транша од претходно одобрен кредит на Европската инвестициска банка. Со други зборови, редовна активност започната од минатата Влада на ВМРО, којашто ете влезе во пакетите. Во Извештајот на Владата за реализација на пакетите на мерки стои: “околу 156 милиони евра се неискористени средства, со што вкупниот износ на имплементирани средства изнесува 860 милиони евра односно 82% од вкупниот износ на средства за мерки”. Зошто не се искористени? Зошто се касни со целосна реализација? Зошто како што велите: “голем дел од мерките од третиот, а особено од четвртиот пакет предвидено е да се реализираат во тек на целата 2021 година па и подолго”? Временската рамка за повеќето мерки беше 2020 година. Зошто потфрлате со реализација, а како ја сметате имплементацијата? Викенд без ДДВ го пресметувате како 17 милиони евра фискален стимул а самите кажавте дека е 1,1 милион евра. Планирањето не ви беше добро, спремноста за реализација на мерките не ви беше добра.

И како што ќе рече Заев за потфрлањето на мерката викед без ДДВ: “сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само што му треба”. А како да купат кога им ја покачи цената на струјата за 7% што ги качи горе сите цени во економијата па сега од каде инфлација? А како да купат кога колку што им дадовте, толку и им земате од домашниот буџет? А како да купат кога закони за легализација на марихуана се поважни од закони за мерки?