Таа потенцираше дека владата манипулира со просечната плата преку начинот на пресметка бидејќи изгубените нископлатени позиции доведоа до зголемување на просечната плата како на пример во индустријата, во рударство вадење на камен каде се намалил бројот на вработени, а истото е и во преработувачка индустрија.
– Ова го потврдува фактот дека како се губат работните места, така се зголемува просечната плата, потенцираше Димитриеска Кочоска.
Таа истакна дека кога сме кај минималната плата, првото логично прашање е колку една компанија може да истрае доколку не го менува производството.
– Ова што го прави владата тоа доведува до зголемени трошоци и компаниите немаат простор за инвестиции и затоа ако ги погледнеме инвестициите за време на СДСМ ќе видиме крах. И ММФ не опомена дека минималната плата расте побрзо од продуктивноста, затоа што таа вештачко ја зголемуваат а тоа доведува до проблеми на компаниите и има намалени инвестиции, а се јавува проблем и со сива економија, нагласи Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека економијата не е заздравена и е во катастрофална состојба, а власта ги уништува бизнисите бидејќи нема промена во додадена вредност.