„Ние кажавме дека не може едната страна се да бара, а другата ништо да не добие така што нашиот став е јасен треба да се седне да се преговара меѓутоа си имаме услови и не отстапуваме од тоа значи вака како што е еднострано не прифаќаме нема да го прифатиме и после изборите. Еднострано наметнување на нивни правила не прифаќа ВМРО-ДПМНЕ“, кажа потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Таа продолжи и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги заштити националните интереси.

„Дали мислите дека во вакви услови кај што имаме волку ниво на корупција, не функционира држава, цел систем е распаднат итн, некој ќе не сака во Европската Унија? Ние многу се фокусиравме само на тоа уставните измени и дека тие се условот или не условот за да добиеме датум за датум и само со тој датум се расправаме. Никој не се фокусира на она што е побитно, суштината е дека ние треба да си го средиме системот. Никој нема да сака ваква распадната држава да биде дел од Европската Унија“, посочи Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека исто така образование имаме апсолутно никакво, тоа се виде од резултатите на ПИСА што покажаа. Од секој аспект сме заникаде тогаш кој сака да бидеме дел од Европската Унија со ваква состојба.

Во однос на изборите таа потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен фаворити за победник на изборите бидејќи во анкетите во секое населено место води ВМРО-ДПМНЕ 2:1, 3:1.