Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска денеска објави дека се обезбедени 500 милиони евра за навремена отплата на Еврообврзницата со договор за заем со унгарската Експорт- импорт банка

Обезбедивме 500 милиони евра за навремена отплата на Еврообврзницата во јануари
📍Денеска во Будимпешта потпишавме договор за заем од 500 милиони евра под поволни услови со унгарската Експорт-импорт банка. Со овие средства обезбедуваме целосна и навремена отплата на обврските кои доспеваат во јануари 2025 година, по основ на Еврообврзницата.
📌Нашата цел е стабилност и сигурност на јавните финансии, со одговорен пристап кон управувањето со државниот долг, напиша Димитриевска Кочовска на социјалните медиуми.