Максим Димитриевски ја соопшти програмата на движењето ЗНАМ.
„Секој пензионер во форма на субвенција да добие 13-та пензија, е дел од програмата на движењето ЗНАМ За наша Македонија. Кандидатот за претседател на државата Димитриевски, кој се сретна со кумановци потенцираше дека транспарентно ќе ги објават бројките, колку средства има во буџетот за исплата на пензии и ќе направат пресметки за зголемувањето. Во текот на 2024 со ребалансот ќе предвидиме исплата на 13-та пензија која ќе биде поголема за оние со пониски ставки на пензии, за да се усогласи големата разлика“, рече Димитриевски.
Оцени дека опоментите имаат „нереални проекти“
Осврнувајќи се на политичките опоненти, кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, истакна дека останатите имаат нереални проекти.
„Сум свесен на платениот политички маркетинг дека не сме сите подеднакви. Се шират голем број понуди од страна на нашите политички опоненти, коишто се далеку нереални и неостварливи. По период да избори сите ветуваат, но ние од ЗНАМ тоа што го ветуваме тоа и го реализираме“, истакна лидерот на ЗНАМ.
Промени и нова енергија
Носителот на пратеничката листа од изборната единица 2, Стојчевски по средбата со пензионерите и граѓаните на зелениот пазар истакна дека се бараат промени и нова енергија.
„Тие бараат промени и бараат да се стави крај на сето ова што се случува посебно во делот во борба против корупцијата, правдата, неквалитетно здравство, образование и други работи што ги чинат граѓаните да бидат незадоволни“, рече Стојчевски.
Стојчевски нагласи дека енергијата од Куманово ќе ја пренесат насекаде низ државата. Од ЗНАМ веруваат дека ќе учествуваат во креирањето на новата Влада.
Извор: МРТ