– Максим на квадрат заедно со граѓаните, не се работи за лични амбиции, концептот е во прашање. Јас можеби имав осигурана партиска кандидатура, но мојот настап, на прво место се граѓаните, не можам да седам слеп пред случувањата. Нема да дозволам да се менува историјата ни на мојот град и државата. Имаше многу големи разлики меѓу мене и поединци од партијата (СДСМ). Ривалство со Оливер Спасовски не постои. Премногу се глуми демократија, малку се имплементира, има суштински концепциски разлики меѓу членството. Слушнав голем број на обвинувања дека сум се самоисклучил, не е точно дека јас сум исклучен од СДСМ. Нема да го дозволам ова, но ќе ги почитувам статутарните одлуки. На последната партиска анкета Заев ми соопшти дека тој и останатите кандидати имаат околу 18-19%, а ми соопшти дека јас имам 63,7% доверба. Најрелевантната анкета се граѓаните. Тие ја носат конечната одлука, рече Димитриевски.
Димитриевски: Заев ми кажа дека имам 67,3% доверба на анкетите
Д
На последната партиска анкета Заев ми соопшти дека тој и останатите кандидати имаат околу 18-19%, а ми соопшти дека јас имам 67,3% доверба, откри во Студио 10 на ТВ24 актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, кој беше исклучен од СДСМ кога ја поднесе независната кандидатура за втор мандат.