Поранешните министри Никола Димитров, Мила Царовска и Радмила Шеќеринска-Јанковска побарале апанажа.
Тоа подразбира дека, доколку Собранието им ја одобри, ќе продолжат да земаат министерска плата во траење од 3 до 12 месеци, зависно од министерскиот стаж.
Минатата недела, Собранието веќе им одобри апанажа во траење од 9 месеци на екс министрите Арјанит Хоџа и Седат Сулејмани. Зоран Заев, Венко Филипче и Ирена Стефоска се изјаснија дека нема да го користат ова право и дека по оставките во Владата, се враќаат на своите претходни работни места.