Тој вели дека овие денови се очекува засилен ангажман од португалското претседателство со ЕУ.

-Овие денови очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство коешто иако не е блиску до Балканот, има многу добра волја и голема желба да стигнеме до овој заеднички успех и имаат интерес да ја завршат работата што почна германското претседателство. Со оглед на тоа што од таму не се сосема најавени јавно активностите, мислам дека не треба да одам повеќе во детали, меѓутоа треба да знае јавноста дека очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство, рече Димитров.

Рече дека има извесни контакти на различни нивоа.