Луѓето кои што носеа по митинзи, небаре бев рок-ѕвезда, истите тие сега со дрва и камења ме напаѓаат, истакна поранешниот министер и вицепремиер Никола Димитров во гостувањето на емисијата „Само вистина“ за критиките кон него.
-Тоа што луѓето многу малку се занимаваат со тоа што го зборував, а многу со мене, потврдува дека моите предупредувања и стравување во однос на маката со Бугарија се оправдани. Кога удирате по човекот што го зборува, а игнорирате што се зборува е проблем, вели тој.
Според Димитров, оркестрираните напади биле диригирани од еден или два партиски центри.
-Луѓето кои што носеа по митинзи, небаре бев рок-ѕвезда, истите тие сега со дрва и камења ме напаѓаат. Јас сум истиот човек, ги имам истите гледања и ставови. Ништо не е сменето. Јас сум на правиот пат. Логично е да кажам кога не се согласувам со нешто, појаснува Димитров.