Гасификацијата е многу потребна. Во медиумите неколку месеци помпезно се најавува дека се потпишува Меморандум за поврзување со гасоводот во Грција. Тоа е добра работа да се поврземе, само не треба да заборавиме дека тој  Меморандум е потпишан веќе неколку години дирекно со Конзорзумот кој го гради транспортниот систем, кратенката ТАБ, изјави професорот Костантин Димитров на трибината на ВМРО ДПМНЕ во Гази Баба, на презентацијата на политиките „ Македонија за сите луѓе“

Овде се работи за претходно постигната согласнот, не е ништо ново, Но во меѓувреме сакаат да се протне една нова политика за вложување на 300 милиони евра во изградба на енергетски капацитети во Грција, да партиципира во Александрија е навистина неразумно и е штетно, политички, финансиски и економски. Потребно е да се финансира во енергетиката, ама во Македонија. Што би значело тие средства во Македонија, Тоа би значело да се изградат три централи во Македонија  и македонски фирми ќе ги градат, ќе знаживее економијата. Второ кога ќе се изградата ќе се отворат нови работни места за нашите млади. Нема да зависиме со увозот од Грција. Значи неразумно инвестирање. треба кај нас да се инвестира, а тоа ќе биде задача на новата Влада, изјави Димитров.

Еве имаме приклучок  со Грција, ние веќе имаме гас во Македонија со Бугарија, но користиме 50% од тој негов капацитет, два приклучоци се добри, но нема потрошувачка на природен гас. Зошто нема? Проектите кои што беа почнати, се закочени 4 години, направени се преносни системи на гасот, стасано е до Штип, Неготино, Кавадарци  ниеден метар дистрибутивна мрежа не е направено, да можат граѓаните да ги користат, придобивките од ова гориво, но  ништо не е мрднато.  Во Скопје имаше тендер да се направи дистрибутивна мрежа и нема ништо, истакна Димитров

Дали знаете  дека во фиоките на град  Скопје има 7 готови проекти за приклучок на средни училишта и  стојат, а веќе 4 училишта користат и нивната потрошувачка е преполовена. Се направија проектни документации, за Мајка Тереза, стопирано и за 8 ми септември. Новата Влада мора да инвестора во тоа, така ке имаме суверенитет. Околу 50% од домаќинствата се на граница на сиромаштија. Многу задачи стојат пред новата влада која треба да ги поправи овие работи“ изјави Димитров.