Три дена народните избраници дискутираат за прашањето, минималната плата од месец март да изнесува 18 000 денари. Претседателот на ССМ Дарко Димовски апелира уште денеска да се изгласа минималецот за да може веднаш по донесување на законот да работат на скалесто зголемување на сите плати.
Димовски вели штрајкот и протестите  во овој момент се избрзани решенија, затоа што во самиот Закон за минимална плата во член 8 стои дека постојните колективни договори мора да се услогласат со Законот за минимална плата најмногу за 6 месеци.

Лидер: Ваш став за она што три дена веќе се случува во Собранието, начелно сите се согласуваат за покачувањето на минималната плата а во пракаса не изгледа така. Три дена народните избраници се усогласуваат за она што веќе се услогласиле.

-Ова што го констатирате е сосема точно. Пет дена пред 1 март ние уште го усогласуваме Законот за минимална плата, а едногласно и гласно зборуваме дека сите сме за минимална плата од 18 000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати. Апелирам до пратениците да не играат политички игри, и да не биде тоа само декларативно и уште денеска и одма да дигнат два прста и да го усвојат Законот за минимална плата а потоа да почнеме да работиме и за скалесто зголемување на сите плати.
Не само золемување на платите во јавниот сектор како што зборуваат тие на говорница, бидејќи имаме работници кои работат во приватниот сектор и законот е подеднаков за сите работници. А тоа го вели Законот за минимална плата во член 8 каде стои: откако ќе се зголеми минималната плата како што е сега во моментов 18 000 денари, треба и останатите плати да се усогласат или скалесто да зголемат согласно колективните договори и законите. Согласно порастот на минималната плата во рок од 6 месеци треба скалесто да се усогласат и останатите плати.

Лидер: Во сабота е веќе најавен протест на НСП за усогласување на платите, ги подржувате ли барањата на останатитите гранкови синдикати за усогласување на платите, СОНК, НСП…?

-Најгласен беше во моментов и остана до крај доследен Сојузот на Синдикати на Македонија. Сите синдикати треба најпрво да разберат дека треба во Службен весник да излезе минималната плата и затоа апелирам уште денеска да се изгласа, зошто пред да стапи на сила треба да е излезен 7 дена во Службен весник па потоа до израз доаѓаа гарнковите синдикати. Секој во својот сектор, во својата гранка треба со работодавачот, дали е тоа институција, фабирка, Влада, локална самоуправа треба да упати едно писмо, бидејќи јас ги слушам од говрница ВМРО ДПМНЕ писмото не ги обврзувало, баш напротив.


Дилајогот се прави така, ти(синдикалецот) упатуваш писмо известување и велиш, согласно Законот за минимална плата тоа е членот 4 и членот 8 вие сте обврзани како фирма, претпријатие, јавна установа, институција, Влада, локаална самоуправа , приватен сектор вас ве обврзува законот да ги зголемите скалесто и останатите плати. И ние пишуваме во тие писма: Доколку тоа не се случи, вие по основ на прикривање на даноци, по основ на задолжително социјално и пензиско осигурување со тоа што нема да ги зголемите скалесто платите, правите кривично дело по основа на затајување на данок на не зголемени плати. И ние сме јасни во нашите изјави.
Се останато е избрзано. ШТРАЈКОТ Е ПОСЛЕДНА ИСТАНЦА. Ние треба да побараме ако тоа не го добиеме согласно закони и колективни договори, тогаш настапуваме на сцена со членовите и сите оние кои не се задоволни ова, доколку не се случи скалестото зголемување на платата да излеземе на улица и да ги бараме нашите права, согласно тоа што ни го овозмиожува законот за работни односи, а тоа е штрајкот, додава Димовски.