– Со голема тага слушнав за пожарот во Ковид болницата во Тетово што резултираше со загубени животи и повредени. Сакам да ве уверам дека АТА стои покрај народот на Република Северна Македонија во ова тешко време и изразува најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и искрено се надева за брзо закрепнување на повредените, вели Жупа во писмото.

Таа воедно нагласува дека АТА за целиот настан добива информации од МИА и во исто време ги пренесува најновите вести од земјава до граѓаните во Албанија.