Резултатот од експертизата, каков и да е, не ја исклучува ниту намалува објективната и морална одговорност на министерот и директорот, но и Заев и Теута. Сведоци сме дека во цивилизираниот свет, дури и за не толку трагични случаи, функционерите поднесуваат оставки, реагира поранешниот министер Џевдет Хајредини, по прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче кој не поднесе оставка по вчерашната трагедија во ковид-центарот во Тетово во која загинаа 14 лица.

Претходно, политичкиот аналитичар побара одговорност од властите, саркастично коментирајќи дека за нив е доволно да се побара „целосна, длабока и брза истрага“.