Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска пристигна на територијата на регионот Запорожје, кој е под контрола на Русија, каде што треба да ја посети нуклеарната централа во Енергодар.

Руски медиуми цитираат локален руски функционер кој рекол дека Гроси денеска ќе ја посети нуклеарната централа.