Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на дизелот ќе изнесува 77 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 75,5 денари за литар.
Цената на бензините останува непроменета – Еуросупер БС – 95 и натаму ќе се продава за 80 денари за литар, а Еуросупер БС – 98 за 82 денара за литар.
Со одлуката на РКЕ, за 0,559 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,773 денари.