ОВЕН (21. III – 19. IV)
Внесете убавина на вашето работно место и уживајте во позитивната енергија додека ги извршувате обврските. Денес убавицата Венера ќе влезе во вашата 10-та куќа. Можно е љубовта за вас да се роди во канцеларијата или за време на деловен ручек.

Венера е тука на екстра долго патување, вртејќи го вашиот поглед кон иднината. Ако сте во врска, со партнерот ќе започнете разговори на сериозни теми како брак и семејство.

БИК (20. IV – 20. V)
Љубовта нема да познава граници за вас, барем не во претстојните месеци. Романтичната Венера започнува екстра долго патување во вашата 9-та куќа на далечните дестинации. Можно е да се заљубите во некој од друга држава или култура. Запомнете, спротивностите силно ќе се привлекуваат под влијание на Венера.

Дали размислувате за нова заедничка авантура со партнерот? Заедничките патувања ќе ви годат.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Тешко ќе можете да ја контролирате желбата за физичка интимност во претстојните месеци, па одделувајте си што повеќе време со партнерот подалеку од очите на јавноста. Денес Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе започне екстра долго патување во вашата 8-ма куќа на сексот и интимноста, носејќи страст во вашата врска.

Ако сте соло, привлечноста меѓу вас и некој специјален за вас ќе стане неиздржлива. Нови врски се на повидок.

РАК (21. VI – 22. VII)
Ах, нежни души! Денес хармоничната Венера ќе започне патување во вашата 7-ма куќа на љубовта, правејќи ве екстремно внимателни кон вашиот сакан. Грижата која ќе му ја давате ќе ви биде двојно возвратена, па ова е сензуален период во вашата врска.

Раковите со статус сингл ќе запознаат некој кој ќе им биде сродна душа. Флертувајте со зборови, не само со погледи.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Започнете да тренирате заедно со партнерот и никогаш повеќе нема да пропуштите тренинг. Романтичната Венера за почнува екстра долго патување во вашата 6-та куќа на здравјето, мотивирајќи ве да се грижите за себе. Без разлика колку долго сте во врска, не го занемарувајте ниту вашиот изглед.

Лавовите со статус сингл ќе се заљубат во некој со фит и среден изглед. Важно ќе ви биде да знаете дека вашиот избраник сериозно си го сфаќа здравјето, како вас.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Резервирајте маса за двајца. Денес страсната Венера започнува екстра долго патување во вашата 5-та куќа на романсата и флертот, поттикнувајќи ве да смислувате слатки начини за да ја разгорувате искрата во врската. Облечете го фустанчето кое го обожава вашиот сакан и излезете заедно.

Ако сте сингл, ќе бидете бестрашни, смели и забавни, па не се изненадувајте ако се осмелите да први да го скршете мразот меѓу вас и оној што ви се допаѓа.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Разубавете го вашиот дом и претворете го вашето омилено место на светот. Денес Венера ќе премине во вашиот фамилијарен сектор, правејќи ве желни за привлечно живеалиште. Додајте детали во смели бои, ставете фотографии на ѕидовите и истакнете ги вашите омилени украси.

Одлично ќе се сложувате со членовите од вашето семејство, па хармонијата ќе ви царува во домот.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Сосед или нешто повеќе? Денес романтичарката Венера ќе премине во вашата 3-та куќа на локалните случување, засилувајќи ја хемијата меѓу вас и некој кој го познавате отсекогаш. Можно е да се вљубите во слаткото момче од школските клупи или во другар од детството.

Комуникацијата со саканиот ќе ја издигнете на повисоко ниво. Почитта ќе се чита од вашите зборови.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Ќе копнеете по стабилен љубовен живот кој нема да ви создава главоболки додека Венера ќе патува во вашата 2-ра куќа. До март, планетата на љубовта и убавината ќе биде на екстра долго патување во вашиот сектор на сериозноста. Зборувајте со партнерот за заедничката иднина.

Љубов на работното место е сосема возможна во овој период. Не се изненадувајте ако покажувате слабост на материјални нешта, тоа нема да биде воопшто чудно.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Каде што вие ќе чекорите, таму ќе бидат вперени погледите на луѓето. Денес убавата Венера започнува екстра долго патување во вашиот знак, давајќи ви сексапил за каков што може само да се сонува. Дефинитивно ќе се издвојувате од толпата со изгледот, очекувајте комплименти.

Веќе имате партнер? Тој нема да може да го тргне ни погледот ни рацете од вашето тело. Страста ќе ви ја исполни врската.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Збогум минато! Денес хармоничната Венера ќе ви помогне да го фрлите зад себе тешкиот товар составен од несреќни љубовни врски, негативни емоции и ниска самодоверба. Ќе ги излекувате вашите љубовни рани и посамоуверени отсекогаш ќе згазнете на љубовната сцена.

Потсетете се дека фантазиите понекогаш стануваат реалност. Замислете си како сакате да изгледа вашиот живот и отсликајте го тоа во реалноста.

РИБИ (19. II – 20. III)
Денес убавата Венера ќе започне екстра долго патување во вашата 11-та куќа на пријателството, правејќи ве ѕвездата на друштвото. Ќе се издвојувате од другите со вашата убавина и со позитивната енергија. Колку повеќе се смеете, толку повеќе внимание ќе привлекувате.

Паровите ќе си го збогатат друштвото со нови пријатели со кои ќе имаат нови авантури. Бидете спонтани.