ОВЕН (21. III – 19. IV)
Не, вашиот труд не е залуден, денес ќе се уверите во тоа. Полната месечина ќе настапи во вашата 2-ра куќа на работата и парите, а ќе има и делумна лунарна еклипса. Проект кој го работевте месеци наназад ќе започне да ви носи многу пари или ќе го добиете посакуваното унапредување.
На сите овни ќе им се покажат можности кои досега не ги гледале. Можни се ненадејни промени на професионален план.
БИК (20. IV – 20. V)
Не, не сонувате, ова навистина е вашиот живот и тој се менува на прекрасни начини. Денес ќе настапи полна месечина во вашиот знак, а ќе има и делумна лунарна еклипса. Желба која долго време ја испраќавте кон небото ќе ви стане јаве.
Воопшто нема да имате проблем со привлекувањето внимание. Ќе бидете во центарот дури и кога не се трудите. Сите ќе ве обожаваат.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Ставете им крај на врските во кои само се измачувате. Денес ќе настапи полна месечина во вашата 12-та куќа на завршетоците, а ќе има и делумна лунарна еклипса. Ќе направите смел чекор кој ќе ви помогне да го пронајдете внатрешниот мир.
Можно е да прекинете несреќна љубовна врска, да се одделите од пријател кој повеќе не ви одговара или да ја избришете помислата да ја обновите врската со ваш бивши.
РАК (21. VI – 22. VII)
Кој е вашиот тим од соништата? Денес ќе настапи полна месечина во вашата 11-та куќа на групните активности, повикувајќи ве да се обедините со вашите омилени луѓе. Соберете ги вашите пријателки на едно место или формирајте победнички тим на работното место.
Бидејќи денес ќе има и делумна лунарна еклипса, во вашиот живот ненадејно ќе влезе нов пријател со кого ќе имате слични интереси и размислувања.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Денес ќе настапи полна месечина во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање, а ќе има и делумна лунарна еклипса. Кога најмалку очекувате, вашиот труд ќе биде дарежливо награден. Можен е бонус, признание или унапредување.
Некои лавови ќе одлучат целосно да ја променат траекторијата на нивната кариера и да се пренасочат во нова област.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Сонувајте големи соништа. Денес ќе настапи полна месечина во вашата 9-та куќа на визиите и претприемништвото, помагајќи ви да ги реализирате плановите кои ги правевте шест месеци наназад. Стартирање на свој бизнис, заминување во странство, реализирање на личен проект…
И сето тоа може да се случи ненадејно, бидејќи денес ќе има и делумна лунарна еклипса. Да, невозможното е возможно за вас.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Страста ќе струи низ вашите вени денес, а вие ќе копнеете по поголема интимност. Полната месечина ќе се погрижи да се реализираат вашите љубовни желби со настапувањето во вашата 8-ма куќа на трајните партнерства. Можен е предлог за брак, вселување под ист покрив со партнерот или вест за бременост.
Бидејќи денес ќе има и делумна лунарна еклипса, многу љубови ќе се родат на прв поглед.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Дали сте подготвени за поголемо обврзување? Денес ќе настапи полна месечина во вашата 7-ма куќа на љубовта и сериозните партнерства, а ќе има и делумна лунарна еклипса. Многу соло шкорпии ќе го имаат првиот бакнеж со оној што им се допаѓа или ќе ја пронајдат нивната сродна душа.
Ако сте во врска, можно е за првпат да се запознаете со родителите на партнерот или да се изненадите на неочекуван предлог за брак.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Никогаш не е предоцна за да ги направите посакуваните промени во начинот на живот и да станете најсилната верзија од себеси. Денес настапува полна месечина во вашата 6-та куќа на здравјето и грижата за себе, овозможувајќи ви нов почеток.
Бидејќи ќе има делумна лунарна еклипса, многу промени ќе дојдат непланирано. Можно е без размислување на ставите крај на пушењето или да се зачлените во фитнес центар.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Денес ќе настапи полна месечина во вашата 5-та куќа на гламурот и флертот, а ќе има и делумна лунарна еклипса. Стапете во контакт со оној што ви се допаѓа, лесно ќе му го освоите срцето.
Планирате бременост? Можно е кога најмалку очекувате да ги видите двете црвени цртички на тестот за бременост или да слушнете позитивни вести поврзани со плодноста.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Вашиот семеен живот ќе претрпи големи промени во претстојниот период. Денес ќе настапи полна месечина во вашата 4-та куќа на домот и семејството, а ќе има и делумна лунарна еклипса. Можна е неочекувана вест за принова, за преселба или за вработување.
Ако имате потреба од поголема приватност, разговарајте со луѓето кои имаат преголеми барања од вас. Кажете им дека имате потреба од време само за себе и ќе бидете разбрани.
РИБИ (19. II – 20. III)
Идеите со причина се раѓаат во вашата глава, па нема потреба да ги криете. Денес полната месечина ќе настапи во вашиот сектор на мудроста и комуникацијата, охрабрувајќи ве да зборувате за вашите визии. Ќе привлечете истомисленици.
Делумната лунарна еклипса ќе донесе неочекувани пресврти во односите со луѓето кои живеат во ваша близина. Можно е вашата сосетка да ви стане и најдобра пријателка или да се заљубите во пријател од детството кој го познавате цел живот