ОВЕН (21. III – 19. IV)
„Убавицата на балот“ – тоа ќе бидете вие денес каде и да се појавите. Ќе додавате сјај на секој претпразничен настан и ќе бидете центар на вниманието. Не правете драстични промени во изгледот, бидете она што сте.

Важно е да не паѓате на провокации. Некој ќе се обиде да разбуди ваши негативни карактеристики и да ве прикаже во лошо светло.

БИК (20. IV – 20. V)
Верувајте им на вашите пријатели и следете ги нивните совети. Понекогаш тие можат да ги видат нештата подобро од вас. Само затоа што нивното мислење не ви одговара не значи и дека е погрешно.

Вашата насмевка ќе биде заразна вечерва. Пренесете им ја на сите околу вас.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Силна привлечност ќе почувствувате меѓу вас и личност која неодамна сте ја запознале. Тешко ќе можете да ги игнорирате чувствата, па веројатно ќе го направите и првиот потег кон нешто повеќе. Не грижете се, сè добро ќе се заврши.

Во врска сте? Покажете му на партнерот дека неговото мислење вам ви е важно.

РАК (21. VI – 22. VII)
Вашите пријатели се оддалечени само на еден повик од вас, па ако имате потреба од помош, само треба да им се јавите. Денес не правете сè сами, бидејќи нема да имате доволно енергија. Во друштво, сè е подобро.

Сите ракови вечерва ќе бидат желни за нови искуства и запознавање нови луѓе. Фрлете го превезот на срамежливоста далеку од себе.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Вашето семејно дрво ќе биде во центарот на вашето внимание. Прашања поврзани со вашето потекло и вашите предци постојано ќе ви се појавуваат во главата, па истражувајте. Ќе пронајдете многу одговори само ако прашате.

Некои лавови ќе обноват роднински врски кои биле прекинати.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Денес ќе имате креативна енергија, поради која на моменти ќе изгледате „лудо“. Ќе трчате на многу страни и никој нема да може да го следи вашето темпо. Откако ќе го создадете вашето ремек-дело ќе сфатите дека вредело.

Девиците со статус сингл ќе го обожаваат својот статус. Нема да сакаат ништо да им стои на патот кон остварување на замислите.

ВАГА (23. IX – 22. X)
И одеднаш ќе се роди љубов… меѓу двајца пријатели. Можеби на почетокот ќе бидете збунети од вашите чувства, но подоцна ќе се соочите со нив и ќе ги следите. Да, сосема е возможно да започнете врска со пријател.

Вагите кои веќе се во врска ќе создадат прекрасни спомени со партнерот и со друштвото. Интимната атмосфера нема да ве усреќува како друштвената, па излезете.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Утрото ќе го разбуди перфекционистот во вас, па за неколку часа вашиот дом ќе биде совршено чист и уреден. Топлата атмосфера која ќе ја создадете ќе им дава чувство на сигурност на вашите најмили.

Заштедете дел од вашата енергија за она што доаѓа по напорната работа. Не бидете скромни кога знаете дека заслужувате многу.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Некој има потреба од вашето внимание, но вие немате време да му го дадете. Отворете ги картите и бидете искрени, бидејќи само така ќе бидете правилност сфатени. Заборавете на изговорите.

Не ја барајте вистинската љубов на далечни дестинации, таа е многу поблиску до вас отколку што си мислите.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Облечете модна комбинација каква што знаете дека никој нема да облече, пејте различна песна од сите останати и танцувајте во сопствен ритам. Престанете да се обидувате да се вклопите во толпата, издвојте се од неа.

Уникатноста најмногу ќе ви доаѓа до израз за време на разговорите со другите луѓе. Луѓето ќе се интересираат за вашите идеи.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Денес ќе ја ставите искреноста пред сè, но наместо да наидете на позитивни реакции, ќе наидете да отпор. Луѓето најчесто сакаат да го слушнат само она што им одговара, но не и да се соочат со реалноста. Можеби треба да најдете подобар баланс.

„Извини“ е магичен збор. Ако сметате дека сте повредиле некого без да сакате, искористете го.

РИБИ (19. II – 20. III)
Отворете го плакарот и изберете ја најгламурозната модна комбинација која ќе одговара на вашето кокетно расположение. Денес ќе сакате да се изразувате себеси преку облеката, но не одете во екстремности.

Можно е да се најдете во ситуација да треба да кажете лага за да храните нечие его. Немојте!