ОВЕН (21. III – 19. IV)
Опкружени сте со правилните луѓе на работното место. Започнете максимално да ги користите нивните таленти за да создадете нешто прекрасно како тим. Вашата енергија ќе биде одлична и ќе ги поврзува луѓето.

Животот ќе ви стане многу возбудлив благодарение на вест која ќе ја добиете оддалеку.

БИК (20. IV – 20. V)
Доволно е сонување со отворени очи и смислување џиновски идеи. Денес потребно е да ги засукате ракавите и да се фрлите на работа. Не само што лесно ќе ги остварувате вашите замисли, туку и другите луѓе ќе сакаат да ви помогнат.

Личност која ви е како ментор ќе ви помогне да ги видите нештата од различна перспектива. Проблемите одеднаш ќе ви изгледаат помали од мравки.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Вие сте вообичаено зборлеста и комуникативна личност, но денес ќе се надминете себеси. Ќе бидете како „лепило“ кое спојува позитивни личности, па доколку организирате некој од празничните собири, ќе умеете да создадете вистинска магија.

Посветете им поголемо внимание на соништата кои ви се повторуваат често. Можеби потсвеста ви испраќа важна порака.

РАК (21. VI – 22. VII)
Љубовта ја барате премногу далеку, таа е многу поблиску до вас отколку што си мислите. Погледнете добро околу себе, лесно ќе им ги читате мислите на луѓето. Брзо ќе сфатите кој ве гледа со романтична искра во очите.

Ако сте во врска, ќе добиете слатко изненадување од вашиот сакан. Дури и да претчувствувате нешто, не „душкајте“ наоколу за да го уништите.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Ќе имате потреба да разговарате со близок пријател или со вашиот партнер. Прекрасно ќе се чувствувате кога ќе застанете на иста страна и ќе си понудите поддршка еден со друг. Некои лавови ќе ги обноват контактите со пријател од детството.

Не ги оценувајте луѓето според нивниот надворешен изглед. Вечерва ќе сретнете некој со „обичен“ изглед, а со неверојатен карактер.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Слушнете ги советите на пријателите поврзани со вашиот љубовен живот, дури и ако на крајот решите да не ги следите. Понекогаш нештата се гледаат појасно од поголема дистанца.

Паѓањето на ноќта ќе ви ги разниша рутините и ќе ве натера спонтано да летнете низ вратата и да слетате на најгласната забава. Танцувајте како никој да не ве гледа.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Денешниот ден ќе ви донесе неочекувани средби и подобрување на комуникацијата со личности од минатото. Внимавајте на кого му верувате! Ако некој еднаш ве измамил, зошто мислите дека нема да го направи истото повторно?

Не ги идеализирајте луѓето само затоа што ги сакате. Морате да се соочите со нивните маани за да не се разочарате.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Не чекајте некој да ви ја предаде лидерската улога, туку самите земете ја. Денес ќе бидете решителни, самоуверени и убедливи, а најважно е што ќе умеете да ги мотивирате луѓето да го дадат својот максимум.

Размислувајте „надвор од кутијата“. Вообичаените идеи нема да ве одведат на врвот во кариерата, туку невообичаените.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Луѓето ќе бидат на ваша страна и ќе стојат покрај вас без разлика на сè. Нивната огромна поддршка дури ќе ви делува сомнително, но не грижете се. Цената љубов што ќе ја добивате е искрена и од срце.

Ќе имате предност да изберете меѓу две опции. Изберете ја онаа која може да ве усреќи, дури и ако не ви носи материјални награди.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Со вашите пријатели ќе бидете одлично синхронизирани денес, па нема да имате несогласувања каде да одите, што да правите или со кого да се дружите. Буквално ќе ви се чини дека можете да си ги читате меѓусебно мислите.

Соединете ја вашата желба за забава со вашата потреба за новитети. Полн погодок!

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Не постојат преголеми соништа за вас. Денес е еден од оние денови кога ќе го реализирате она што го визуализирате. Направете план на почетокот од денот и следете го без разлика што се случува околу вас.

Брзо ќе ја плетете вашата друштвена мрежа, обединувајќи многу нови и стари пријатели. Ви претстојат големи собири и многу забава.

РИБИ (19. II – 20. III)
Денес ќе купите или ќе продадете имот, или пак, ќе добиете парична награда која не сте ја очекувале. Бидете внимателни кога потпишувате договори и читајте го секој збор ставен на хартија. Не дозволувајте никој да ве измами.

На работното место конечно ќе ги затоплите односите со вашите колеги, обновувајќи ги мостовите кои претходно беа срушени