Комо оствари убедлива победа од 3:0 над Јувентус во 13. коло од италијанската Серија А. Со овој триумф домаќините ја запишаа својата деветта победа во тековната сезона, со која повторно се искачија на четвртото место на прволигашката табела.
Гостинскиот тим уште од самиот почеток се најде во сериозни проблеми откако од петтата минута играше со фудбалер помалку на теренот, откако директен црвен картон заработи Коло Муани. Домашниот состав успеа да ја искористи бројчаната предност пред самиот крај на првото полувреме, кога Нико Паз со прецизен удар од слободен удар го отвори резултатот.
Во второто полувреме продолжи доминацијата на домашниот тим, а стрелецот Дувикас со два постигнати гола, во 63. и 80. минута од натпреварот, ја запечати и потврди убедливата победа на домаќините.
