ОВЕН (21. III – 19. IV)
Денес ќе ги скротите вашите емоции и секога одлука ќе ја носите со разум и објективност. Можеби е време да си ги поставите целите што сакате да ги постигнете следната година? Верувајте во себе!

Ова не е ден кога треба да завршувате започнати проекти кои воопшто не ви будат интерес. Насочете се кон нешта што ви будат страст.

БИК (20. IV – 20. V)
Односите меѓу вас и личност која ви се допаѓа ќе започнат да стануваат сè посериозни и подлабоки. Ќе осетите чувства кои никогаш досега не сте ги осетиле, но тоа не значи дека треба пребрзо да го спуштите штитот.

Ако сте во врска, зборувајте со партнерот за вашите бизнис идеи. Можно е токму тој да биде личноста што ќе ви ги реализира.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Срцето и разумот ќе се борат во вас денес. Додека срцето ќе ви вели без размислување да се фрлите во прегратката на оној што ви се допаѓа, умот ќе ви вели да си дадете повеќе време за размислување. Ќе треба да почекате за да сте сигурни дека ја носите вистинската одлука.

Паровите ќе имаат вечер исполнета со нежности. Нема да можете да ја контролирате страста периодов.

РАК (21. VI – 22. VII)
Денес ќе се изненадите од промените кај личност за која сте имале негативно мислење. Нејзините постапки ќе ви докажат дека луѓето можат да се подобрат. Голема е веројатноста да добиете нешто што ви било многу потребно.

Некој чека ваш одговор. Вратете се наназад и сетете се дали сте дале ветување кое не сте го исполниле или сте оставиле отворено прашање.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Не можете секогаш да се согласувате со сè што ќе кажат другите, нели? Денес ќе имате жестока дебата за да ги заштитите вашите вредности од личност која сака да ги уништи. Покажете дека имате карактер, не попуштајте на притисоци.

Не ги игнорирајте поканите за пријателство кои ги добивате на социјалните мрежи. Меѓу нив може да се крие специјална личност.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Дали сте преголем оптимист за иднината, или пак вашите големи соништа се остварливи? Денешниот ден ќе ви биде како предвесник за она што ќе ви се случува во претстојниот период.

Вистински, ама вистински, слушајте што имаат да ви кажат луѓето околу вас. Многу важни информации ќе допрат до вашите уши.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Денес ќе има покажете на луѓето вашата нежна страна, онаа која не дозволувате никој да ја види. Многумина ќе се изненадат кога ќе дознаат дека под вашата студена надворешност се крие едно топло срце, полно со љубов.

Моменти на зближување со целото семејство ќе имате на крајот од денот. Започнете го оној важен разговор што постојано го поттурнувате.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Пред вас ќе прелета можност за напредок во кариерата. Нема да имате многу време за размислување, па најдобро е брзо да реагирате. Не дозволувајте некој друг да го добие она што ви припаѓа вам.

Претпочитајте ја отворената комуникација со пријателите. Вие не сте личност на која ѝ прилега носењето маска на лицето.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Купидон веќе ги има насочено љубовните стрели кон вас и веројатно ќе ве погоди додека сте на работното место. Денес постои веројатност да се заљубите во ваш колега или соработник.

Ако сте веќе во врска, проблемите поврзани со финансии ќе исчезнат од вашата романса. Конечно ќе најдете заеднички јазик со партнерот и ќе се насочите кон компромис

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Покрај себе имате вистински пријател кој ве усреќува. Денес ќе се чувствувате богато поради личност која безусловно се грижи за вас, но не смеете да ја земате здраво за готово. Пријателството е двонасочна улица, ако земате, треба и да дадете.

Физичката активност одложете ја за на крајот од денот, кога енергијата ќе ви биде на максимум.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Денес некој ќе се обиде да ви ја наметне неговата агенда и да ви префрли дел од неговите обврски. Не смеете да паѓате на манипулации, особено ако можат да ви наштетат. Вашите приоритети треба да ви бидат на прво место.

Она што можете да го завршите денес, не го оставајте за утре. Можни се непредвидени обврски.

РИБИ (19. II – 20. III)
Денешниот ден ќе ви го промени начинот на кој го гледате светот. Промената во перспективата ќе ви покаже целосно ново поле од можности и одговори кои досега не сте ги гледале. Проблемите ќе започнат да се решаваат.

Бидете флексибилни. Плановите ќе ви се менуваат од минута во минута, па добро е брзо да реагирате.