Министерството за внатрешни работи нема добиено пријава за наводите што беа објавени во грчки медиуми дека во казино во Дојран се издаваат лажни ковид сертификати.

– Досега МВР нема добиено пријава за ова, но ќе бидат извршени проверки во врска со наведеното, се наведува во одговорот од МВР.

Грчки медиуми, повикувајќи се на прилог на грчката телевизија „Опен“, јавија дека во казино во близина на македонско-грчката граница кај Дојран се издавале лажни ковид сертификати.