До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР.

УВ индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10.

Во земјата утре ремето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10.

Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.