-За прв пат после повеќе од три недели при евиденција на 24 часовните период немаме починат пациент меѓу хоспитализираните. Има нови девет примени на болничко лекување, а 13 се пуштени дома. Сега има вкупно 84 хоспитализирани од кои 82 се на кислородна поддршка. Бројот на прегледи во амбуланта изнесува135, изјави д-р Миранда Пајазити.
Пред една недела на 31 август имаше 116 хоспитализирани, додека пред две недели на 24 август имаше најголем број 10 смртни случаи за 24 часа.