Ова го истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и со директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, како и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Како што информира владината прес-служба, една од централните теми беше соработката за зајакнување на системот за јавно здравство во пост-КОВИД периодот, како и поддршката на Светска банка во обезбедувањето систем за интегрирано менаџирање на јавните финансии.

-Согласно стратегијата за партнерство со Светска банка, поддршката од оваа меѓународна институција се фокусира на проектите за развој на вештини и можности, особено за најранливите категории, на проекти за подобрување на општинските услуги, на инфраструктурни проекти за подобрување на патната и железничката инфраструктура, за унапредување на социјалните услуги, за унапредување на основното образование, на проекти за енергетска ефикасност и на повеќе други, се наведува во соопштението.

Претседателот на Владата ја истакна и плодната соработка со Светска банка последниве години во голем број области кои, напомена, се од клучно значење за земјава, за реформирање и модернизирање на сите сегменти од македонската економија.