Тој рече дека конечно е решен проблемот со конекцијата, па попишувачите денеска повторно се излезени на терен и го попишуваат населението.

– Денешното рестартирање на целиот процес е за да нема слични проблеми во иднина. Пронајдено е решението на проблемот и слични такви падови во иднина нема да имаме. Треба да знаете дека вакви проблеми се можни секогаш кога работите со технологија – рече Симовски.

Тој посочи дека досега се попишале околу 150.000 граѓани.

– Не можам да ви кажам точна бројка во моментов, но утрово добив информација дека досега се попишани околу 150.000 луѓе. Како што кажав и вчера, не се забележани инциденти за време на спроведувањето на операцијата, а обврска на државните инструктори е да излезат на терен и да поразговараат со луѓето кои не сакаат да се попишат. Исто така, кога станува збор за заштитата од коронавирусот, теренските попишувачи добиваат адреси од луѓето кои се во изолација или се позитвни на ковид-19 – рече директорот на ДЗС.