Поради реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Модест Мусоргски“, утре со почеток во 9 часот ќе има прекин во водоснабдувањето кај корисниците од неколку улици во општина Гази Баба.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Модест Мусоргски“, „Карл Хрон“, дел од улицата „Карл Либнехт“ и дел од улицата „Петре Филиповски Гарката“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот наутро па сè до целосното завршување на предвидените работни активности на терен, информираат од јавното претпријатие.
