Договорот со Северна Македонија беше потпишан на 26 октомври 2022 година, а откако беше одобрен од Советот на ЕУ, ќе стапи на сила на 1 април.
Советот на Европската унија денеска и даде „зелено светло“ на Северна Македонија да склучи договор со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) за заеднички операции и распоредување тимови за управување со границите на земјава.
Договорот вклучува и одредби за следење на усогласеноста и заштита на основните права.