Министерката за култура е фатена во лага. Продуцентот Томи Салковски во ТВ дебата со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска јасно ѝ презентираше на министерката дека Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм ги побарал парите за филмска дејност, но не му биле префрлени. Претходно, Салковски напомена дека во неформални разговори тој дознал дека парите ќе бидат скратени, а барање за финансиски план бил испратен на 30 август.
На ова министерката Костадиновска Стојчевска одговори дека во август немало испратено барање за план, туку на 14 септември.
Според она што го имаме ние како министерство за култура, јас мора да кажам дека првиот план за исплата не е пратен на 30.08 туку на 14.09. На 14.09 јас веќе бев отсутна од државата, а јас не дозволувам да се стави мој потпис на нешто кога се работи за исплата на пари. Не е на 10 милиони, туку на 12 и нешто милиони денари. Што значи дека не е точно она што се кажува, вели министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.
Сепак, документот кој стигна до редакцијата на Радио Лидер го говори спротивното, односно дека планот за исплата бил пратен токму на 30.09. Уредно напишаниот документ на кој јасно се гледа датумот, може да го погледнете во продолжение.
Претходно, барањето за повлекување на предлогот за кратење на буџетот за филмска дејност во тековната година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата за филм продолжува да биде главна тема кај уметниците. Над 70 режисери досега се побунија за скаратените средства, а за оваа „голгота“ на филмските работници денеска говореше и продуцентот Томи Салковски во директно соочување со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.