Бугарија полека за нас станува тоа што била Австралија за Обединетото Кралство, една огромна казнено-поправна колонија!
ПИШУВА: ЉУПЧО ЗЛАТЕВ
Ива Михаилова потекнува од криминално семејство. Нејзиниот татко е еден од главните осомничени и осудени во случајот “Детонатор”. Меѓународен криминалец, кој на крајот избега во Бугарија и таа земја го смета за жртва на политички прогон.
Во градот од каде што потекнува, ќе ви кажат како ги рекетирал, тероризирал, уценувал и ограбувал овој борец за човекови права.
Неговата ќерка усмрти човек со својот автомобил, не беше ставена во притвор затоа што наводно била повредена и не било можно да се лекува во Македонија. И покрај тоа, оваа девојка-убиец постојано здрава и права се појавуваше пред медиумите во Бугарија, претставувајќи се како жртва затоа што се чувствувала како бугарка. Не негира дека таа го прегазила човекот, ама друг бил виновен…
Денеска, преку див граничен премин побегнала од Македонија и се наоѓа во Бугарија!
Бугарското општество е живо среќно што девојката-убиец нема да одговара и неѓа да лежи во затвор.
Ова е втор ваков случај и јас во него гледам огромна економска шанса! Имено, еден затвореник ја чини Македонија по 9500 евра годишно, што е негде околу 25 милиони евра за сите затвореници кои ги имаме. Дајте да ги прогласиме за бугари и да ги пратиме во нашата казнено-поправна колонија! Нека си го соберат целиот шлајм и нека се усреќат со него…
