Филмот остварува милиони, со гледачи главно над 55 години
Документарниот филм за првата дама на САД, Меланија Трамп, е на пат да оствари приход од околу осум милиони долари во првиот викенд по почетокот на прикажувањето. Ова претставува највисока заработка за документарец во САД во последните десет години.
Светската премиера на филмот „Меланија“ се одржа во петокот, а меѓу гледачите преовладуваа жени и лица над 55 години, кои му донесоа 70 проценти од приходите. Според „Холивуд репортер“, филмот е особено популарен кај конзервативците во јужните американски држави, а претежно кај жените над 55 години.
Медиумската компанија „Пак“, повикувајќи се на податоци од Националната истражувачка група (НРГ), објави дека документарецот, со вкупен буџет од 75 милиони долари, би можел да заработи речиси пет милиони долари во првиот викенд во САД и Канада.
Животот на првата дама и деби-проектот на „Мјуз филмс“
Филмот е продуциран од „Амазон ем-џи-ем студиос“ (Amazon MGM Studios), во режија на Брет Ратнер. Тој го следи животот на Меланија пред инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во 2025 година и ги доловува најзначајните мигови зад сцената во Белата куќа, објави „Фокс њуз“.
Документарецот исто така е прв проект на новата филмска продукциска компанија на Меланија – „Мјуз филмс“ (Muse Films). Пред премиерата, што се одржа во културниот „Трамп – Кенеди центар“ во Вашингтон, претседателот Трамп изјави дека првата дама е поотворена во јавноста.
Филмот ја прикажува работата на првата дама, нејзините филантропски активности и семејниот живот додека се подготвува да стане прва дама на САД вторпат.
Реакции и критики од гледачите и критичарите
Според ИМДБ, документарецот има просечна оценка 1,3 од 10, базирана на 22.000 оценувања. На „Ротен томатос“, 10 отсто од критичарите го препорачуваат филмот, додека 99 проценти од гледачите ја оцениле премиерата позитивно.
