Доларот благо зајакнува
На валутните пазари, во петок наутро, вредноста на доларот забележа благо зголемување во однос на кошничката на најважните светски валути.
Цените на нафтата се задржуваат на 75 долари, пазарот во неизвесност
Индексот на доларот, кој ги мери перформансите на американската валута во однос на шесте најважни валути, претпладнево достигна ниво од 99,78 поени, во споредба со вчерашните 99,70 поени во истиот период од денот.
Останати валути
Во исто време, доларот зајакна и во однос на јапонскиот јен, при што курсот се зголеми од вчерашните 142,80 на 143,70 јени. Зајакнување на доларот се бележи и во однос на еврото – курсот на еврото се лизна на 1,1330 долари, во однос на вчерашните 1,1335 долари.
Покрај движењата на валутните пазари, раст забележаа и цените на нафтата. Цената на барел на лондонскиот пазар претпладнево се зголеми за 0,65 проценти, достигнувајќи 66,95 долари. На американскиот пазар, пак, цената на барелот нафта се зголеми за 0,72 проценти, на 63,25 долари.
Криптовалутите бележат раст
Пазарот на криптовалутите бележи значителен раст. Етериумот порасна околу 2 отсто, а додека Биткоинот порасна само 1 отсто. Сега Биткоинот изнесува 94 илјади долари. Детално за криптовалутите може да погледнете ТУКА.