Билбао – Сосиедад 2:1 е исходот од вечерашниот натпревар од 11. коло во шпанската Ла Лига. Ова претставува значајна победа за домаќините во традиционалното дерби на Баскија. Со овој триумф, дури во петтиот меѓусебен дуел, составот на Билбао успеа да извојува победа против Сосиедад.
Резултатот го отвори Вилијамс, кој успеа да погоди за водство од 1:0 во 14. минута од средбата. Гостите сепак возвратија кога Сучиќ израмни на 1:1 во 30. минута.
На полувреме сепак се замина со предност за домашната екипа. За еуфорија на трибините на стадионот „Сан Мамеш“ погоди Беренгуер.
Во текот на второто полувреме гостинските фудбалери се обидоа да направат притисок и создадоа неколку сериозни прилики. Сепак, Унаи Симон, првиот чувар на мрежата на шпанската репрезентација, успешно интервенираше и ја зачува предноста и победата на својот тим.
