Во гевгелиското село Богородица, вчера во 15:30 часот полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.М.(55) од село Богородица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, информираа денеска од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.