Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, во петокот беше награден со почесен црн појас во теквондо, со што го постигна највисокото ниво во оваа боречка вештина.

Почесниот сертификат на Трамп му го додели претседателот на „Кукивон“ (Светската теквондо академија со седиште во Јужна Кореја, з.п.), Ли Донг-суп.

Чест ми е што го добив сертификатот, мислам дека теквондото е прекрасна боречка вештина за самоодбрана. Би сакал да видам демонстрација на теквондо тимот на Кукивон – изјави трамп по добивањето на признанието.

Ваквиот потег предизвика различни коментари на интернет. Некои луѓе го одобруваат потегот, но повеќето негодуваат, а некои и се потсмеваат со оваа одлука.