Претседателот на ЕПП, Доналд Туск, испрати честитка до Христијан Мицкоски, за реизборот како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Сакам срдечно да ви честитам за реизборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата. По многу успешните локални избори на кои ВМРО-ДПМНЕ победи во повеќето градови – вклучувајќи ги и силните резултати во главниот град Скопје – убеден сум дека и вашиот реизбор ќе придонесе за вбризгување на нова енергија во партијата. Мило ми што се запознав и со новата партиска доктрина која што беше усвоена на Конгресот, која се фокусира на најважните предизвици со кои се соочува земјата, а тоа се борбата против корупцијата и потребата од дигитализација и реформи за зајакнување на економскиот развој на земјата и нејзино придвижување на Европскиот пат, кои што се клучни столбови за иднината. Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да води силна и конструктивна опозиција, што ќе овозможи да си ја врати поранешната сила на идните парламентарни избори, а притоа сметам на вас, да продолжите да се држите до европските и вредностите на ЕПП. Ви посакувам успех во новиот мандат – се наведува во честитката на Туск до Мицкоски..