Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ, денеска ја објави својата изборна позиција како претседател на МАДОТ – Македонското друштво на ортопеди и трауматолози, професионално здружение кое обединува лекари специјалисти во земјата.
„Оваа доверба претставува голема чест, но и сериозна одговорност. Во наредниот период, заедно со колегите од друштвото, ќе работиме на унапредување на стручната соработка, поддршка на научно-едукативните активности и понатамошен развој на ортопедијата и трауматологијата во Македонија“, истакна Мерџаноски.
Тој додаде:
„Искрено им благодарам на колегите за укажаната доверба и поддршка“, нагласувајќи дека неговата мисија ќе биде насочена кон јакнење на професионалната заедница и унапредување на медицинските стандарди во областа.
