Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, приведена поради сомнение за создавање криминална организација и противзаконско влијание, се обидела да се самоубие во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), јавуваат подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Според порталот РТЦГ, Меденица моментално е во стабилна состојба.

Црногорскиот јавен сервис додава дека, според информациите со кои располага, Меденица наводно сама се обидела да си го пресече вратот, што било спречено со интервенција на болничкиот персонал и полицајците.