Мост изграден пред десет години се урна денеска во местото Третен, Норвешка. Две возила биле на мостот во моментот на рушење, а еден возач бил извлечен со хеликоптер.

Мостот се урнал околу 07:30 утринава. На мостот во моментот се наоѓале камион и автомобил кој делумно бил под вода.

Возачите не се повредени и се наоѓаат на безбедно, јавува норвешниот јавен сервис.

-Беше многу драматично. Ова е голем напор за двајцата возачи, но за среќа се помина добро, изјавила Терје Крогстад од норвешката полиција.

Се работи на извлекување на возилата од срушениот мост, но постои можност остатоците да паднат во реката.