Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, преводот е на Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, сценските движења се на Олга Панго, костимограф е Раде Василев, композитор е Горан Трајковски, а фотографии и дизајн на плакат се на Елена Бојаџиева.

Претставата „Кармен“ премиерно беше изведена на 21 мај.

Биљана Драгиќевиќ – Пројковска е добитник на награда за најдобар актер за претставата „Кармен“ на Фестивалот на монодрамата во Битола 2021 година.

Фестивалот „РУТА групација Триглав“ е составен од шест театри од регионот: МГЛ Љубљана, Словенија, Театарот Улисис, Загреб, Хрватска, Камерен театар 55, Сараево, Босна и Херцеговина, Градски театар Подгорица, Црна Гора, Драмски театар Скопје, С. Македонија, и Белградско драмско позориште, Србија.

Основната цел на фестивалот е поврзување на шест репрезентативни куќи од поранешниот сојуз во естетска, репертоарска, но и организациска смисла. Ова претставува одлична можност театарските куќи да се презентираат и промовираат во регионот и секако да се направи пат за понатамошни ко-продукции или други форми на соработка, информираат од НУ Драмски театар Скопје. (МИА)

Рекламниот спот за монодрамата „Кармен“ може да го видите подолу: