Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 28-годишниот А.П. од Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Според информациите, на 12 март минатата година полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Струмица извршиле претрес на две локации каде што престојувал пријавениот.

При претресите биле пронајдени и одземени МДМА, марихуана, хашиш, семки од растението канабис и друга дрога.