Дронот кој на 10 март падна во центарот на Загреб бил вооружен со авионска бомба – ова го покажаа конечните резултати од истрагата на хрватските истражни органи.
Се работи за разорна авионска бомба од моделот ОФАБ 100-120, а на местото на падот на дронот биле пронајдени 47 фрагменти на метални делови или шрапнели. Пронајдена е и запалка со ознаки на кирилично писмо, универзална запалка за авиобомби. Утврдено е дека таа била ставена во предниот дел на авиобомбата.
Истражувањето било фокусирано на причините за падот, додека истрагата за тоа кој го лансирал и од каде точно дошол и натаму продолжува. Потврдено е дека се работи за советски модел, а содржината од црната кутија е целосно уништена.