Тој потенцираше дека во неговиот мандат нема да се случи директор да моли за помош, туку дека општината силно ќе се заложи во помош кон здравствениот сектор, затоа тие возила ќе бидат набавени и донирани на општината.
Дрвошанов зборуваше и дека Струмица има огромен проблем со нечистотијат, улиците не се одржуваат и се полни со ѓубре, а дивите депонии кои се сериозен загадувач на животната средина и додаде дека има решенија за истите.
Проблемот со дивите депонии е огромен во Струмица, тие се сериозни загадувачи и постојано се палат, затоа ќе направиме 24 часовен видео надзор на потенцијалните места за диви депонии и служба во рамки на јавното претпријатие за комунални слуги каде ќе има 24 часа дежурна телефонска линија за пријави од граѓаните.