Потпретседателот Адеми ги отфрли шпекулациите на медиумите
Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, категорично ги демантираше пишувањата на медиумот на албански јазик „Фол“ дека лидерот на партијата, Али Ахмети, сериозно размислува да се повлече од активната политика по локалните избори.
„Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката“, изјави Адеми за „Слободен печат“.
Според објавите на „Фол“, Ахмети веќе разговарал со дел од своите најблиски соработници и со политички партнери од Албанија и Косово за можна одлука за повлекување. Медиумот наведува дека конечната одлука би била објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, за да не влијае врз исходот за кандидатите на ДУИ.
Адеми, сепак, нагласи дека ваквите информации не одговараат на вистината и дека лидерот на партијата останува активен на политичката сцена.
