Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја изразува својата загриженост поради изненадувачката реакција што ја гледа против барањето за меѓународно надгледуван ветинг.
„Дали е оваа очигледен страв поврзан со криминалната активност на олигарсите на урбаната мафија во општините, создавајќи ги најбогатите олигарси збогатени на незаконски начин? Урбаната мафија не само што помогна во создавањето на незаконски богатства за нив, туку и предизвика сериозно уништување на животниот простор за граѓаните. Време е да се стави крај на овој урбан криминал. Време е за правда, преку меѓународно надгледуван ветинг. Барањето за меѓународен ветинг треба да биде сеопфатно, без исклучок за никого“, велат од партијата.