Сопствениците на деловен простор во ГТЦ денеска одржаа протест пред Владата, на кој побараа итно решавање на бројните проблеми во трговскиот и примена на законската регулатива.

Тие велат дека веќе подолго време алармираат на недомаќинското управување на АД ГТЦ, како што велат, на штета на нивниот имот и на имотот во сопственост на државата.

Се бараат и директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, договори за парно греење со лиценциран снабдувач, климатизација и греење контролирано од органот за заедничко управување во ГТЦ.