Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 лидерот на Левица Димитар Апасиев го нарече фашист, а оперскиот пејач и експратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, оперска певачица!
Дурловски на ваквата провокација од страна на Шилегов одговори на Фејсбук:
-Ми пренесоа дека оној јадник од градски татко се потрудил да ме омаловажи на ТВ. А бе Шилегов, не сум јас ракија па да ме ставаш во таа твоја погана уста!
Ми пренесоа дека оној јадник од градски татко се потрудил да ме омаловажи на ТВ.
А бе Шилегов, не сум јас ракија па да ме ставаш во таа твоја погана уста!— Igor Durlovski (@IDurlovski) April 27, 2021